По пропаѓањето на ИНФ Украина ќе може да развива свои балистички ракети

Од:

По пропаѓањето на Договорот за неширење на ракети со краток и среден дострел (ИНФ), Украина ќе добие право да произведува и разместува копнени балистички крилести ракети, изјави Стивен Пајфер, експерт од Универзитетот Стенфорд и поранешен амбасадор на САД во Киев.

„Моментно Договорот е на пат да биде укинат и Украина ќе добие слобода да развива, истражува и разместува копнени балистички ракети со дострел од 500 до 5.500 километри. Интересно, но дали во Кремљ помислија на тоа,“ изјави Пајфер.

Од друга страна, канадскaтa политичкa аналитичаркa Аријана Гиц изјави дека на Киев ќе му требаат години за да развие ракети способни да одговорат на руските ракетни технологии.

Проруските сепартисти, со поддршка од Русија, од 2014 година држат под контола големи делови од источна Украина и водат спорадични судири со регуларната украинска војска.

ИНФ е договор чии страни потписнички се Москва и Вашингтон, иако во преговорите учествуваа и други земји. Украина не е потписничка на договорот и не размислуваше да го применува по распадот на Советскиот Сојуз.

„По укинувањето на Договорот, другите земји ќе можат да разместуваат ракети со краток и среден дострел“, изјави неодамна украинскиот министер за надворешни работи Павло Климкин.

Белорусија, од своја страна, посочи на неопходноста за зацврстување на сојузот со Русија, поради истапувањето на САД од ИНФ.

Вашингтон се повлече од Договорот, потпишан во далечната 1987 година, поради негово наводно прекршување од страна на Русија, за што САД доставија и „докази“ до сојузниците во НАТО до официјална Москва.

Би можело да ве интересира

Украина користи балистички ракети со долг дострел кои тајно ѝ биле обезбедени од САД

Лукашенко: Украина ќе престане да постои доколку не се согласи на преговори

Во рускиот напад на регионот Черкаси повредени се шест лица

Стејт департментот официјално ја потврди тајната испорака на ракети со долг дострел на Украина

Бајден го потпиша законот за воена помош за Украина

Горан Наумовски

Руските војници ја уништија работилницата на украинската армија за производство на беспилотни летала