По повеќе од 50 години епидемиологот Фаучи заминува од позицијата во американската влада

Од:

Водечкиот американски епидемиолог и главен здравствен советник на Белата куќа, Ентони Фаучи, објави дека ќе ја напушти функцијата во федералната влада во декември по повеќе од 50 години. Фаучи го раководи Националниот институт за алергија и заразни болести (НИАИД) од 1984 година и е главен медицински советник на претседателот Џо Бајден, а исто така раководи со лабораторија која го проучува имунолошкиот систем.

„Јас одев во овој кампус, во лабораториите и во болницата секој ден, вклучително и повеќето викенди, веќе 54 години. Идејата да заминам очигледно е горчливо-слатка“, изјави Фаучи за Асошиетед прес.

Осумдесет и едногодишниот Фаучи стана познат на пошироката јавност како водечко лице на здравствениот систем за време на пандемијата на коронавирусот. Тој беше во владата за време на мандатот на седум американски претседатели, почнувајќи од Роналд Реган.

Би можело да ве интересира

Фаучи ги повика Американците да се вакцинираат против ковид-19

Фаучи: Ќе дадам оставка до крајот на мандатот на Бајден

Горан Наумовски

Ентони Фаучи, советникот на Бајден за ковид, позитивен на коронавирус

Фаучи: САД излегоа од пандемијата на коронавирус

А1он

Фаучи: Не би ме изненадило зголемување на бројот на инфицирани со Ковид-19

А1он

Фаучи: Преносливоста на Омикрон ќе го преоптовари здравствениот систем