По изборната победа, Абе ќе се обиде да го смени уставот на Јапонија и да ја зајакне армијата

Од:

По убедливата победа на парламентарните избори, јапонскиот премиер Шинѕо Абе планира менување на уставот, со што ќе се отвори пат за јакнење на воената моќ на Јапонија.

Членот 9 од уставот на Јапонија, донесен по поразот во Втората светска војна, предвидува дека Јапонија се откажува од употребата на воена сила во спорови со други држави, што се коси со опасната положба во која земјата се наоѓа со зачестените ракетни проби и развојот на нуклерано оружје од страна на Северна Кореја, како и со растечката моќ на Кина.

Абе освои 310 од 465 места во Националниот Диет (парламент) на Јапонија, а дури 80 проценти од членовите на Парламентот ја поддржуваат идејата за менување на уставот. Меѓу нив е и Партијата на надежта на градоначалничката на Токио, Јурико Коике.

– Ние освоивме двотретинско мнозинство, но неопходно е да имаме широки дискусии во рамките на владејачката коалиција и со опозицијата. Потоа, би сакале да ја добиеме и согласноста на граѓаните преку референдум, изјави Абе.

Референдумот е неопходен за менување на уставот во Јапонија. Анкетите покажуваат дека 32 процента од Јапонците би гласале за менување на уставот, 21 процент се против, а 39 проценти немаат изграден став.

Јапонија се соочи со неколку ракетни проби од страна на Северна Кореја, при што балистички проектили беа лансирани преку јапонските острови. Јапонија има армија, која повремено учествува во мировни операции и во одбрана на својата територија како и на своите сојузници, но со менување на уставот се очекува дека богатата, индустриски развиена држава ќе може значително да го модернизира и зголеми својот воен капацитет.

Би можело да ве интересира

Човекот кој најдолго на светот чекаше за извршување на смртната казна е ослободен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Поплави во Јапонија: Шест лица загинаа, има и исчезнати, градските улици под вода

(ВИДЕО) Први снимки од разорниот земјотрес во Јапонија

Силен земјотрес ја погоди Јапонија, издадено предупредување за цунами

Четири лица загинаа во пожар во Токио

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови