По „грешка“ убиени 76 сватови во Јемен

Од:

Најмалку 76 лица загинаа, а 55 други се ранети денеска во два воздушни напади на меѓународната арапска коалиција, предводена од Саудиска Арабија, во јужен Јемен, јави ДПА.

Портпаролот на јеменското Министерство за здравство, Тамим ал-Шами соопшти дека жртвите се учесници на една свадба во селото Ал-Вахга крај градот Моча, во близина на протокот Баб ел Мандеб, кој ги раздвојува Арапскиот Полуосторв и Африка.

Инциднетот го потврди и друг висок јеменски владин претставник, кој додаде дека нападите биле извршени по „грешка“.

Општинскиот советник во Моча, шеик Абдулах ал Фадли во изјава за ДПА нагласи дека авионите ракетирале два шатори на свадбата – едниот во кој прстојувале машките сватови и другиот каде биле сместени жените и децата.

Ал-Фадли нагласи дека изненадува ваквиот напад бидејќи во селото нема никакви воени позиции, а ниту на свадбата не присуствувале припадници на шиитското бунтовничко движење.

Денешниот напад доаѓа само еден ден откако вчера авиони на арапската коалиција бомбардираа село во севрозападната јеменска провинција Хаџа, при што загинаа 19 лица.

Меѓунардоната арапска коалиција ги започна нападите врз цели во Јемен на 25 март, со цел да им помогне на силите што го поддржуваат јеменскиот претседател во егзил Абд Раби Мансур Хади во борбите против шиитските бунтовници Хути и армиските единици лојални на поранешниот шеф на државата Али Абдул Салех.

Саудиска Арабија стравува дека преземањето на власта во Јемен од страна на Хутите, би ја засилило позицијата на Арапскиот Полуостров на нејзиниот главен регионален ривал – Иран.

Би можело да ве интересира

Четири лица загинаа, а 30 се повредени во израелските воздушни напади врз Јемен

(ВИДЕО) Израел го нападна Јемен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се огласија сирените во Израел, неколку градови цел на ракети од Јемен и Либан

Горан Наумовски

ВИДЕО: Експлозија на танкер во Црвеното море нападнат од Хутите, следи еколошка катастрофа

(ВИДЕО) Три лица загинаа, а 87 се ранети во големите израелски напади во градот Ходеида

Хутите нападнаа брод во Црвеното Море, екипажот е евакуиран, се трага по исчезнат морнар