По две години затвор за девојките од „Пуси Рајот“

Од:

Судот во Москва на членките на панк групата „Пуси Рајот“ им одреди по две години затвор поради хулиганстви во московската главна црква.

Надежда Толоконјикова, Марија Алјохина и Јекатерина Сумутсјевич претходно беа прогласени за виновни поради нивниот перформанс во московската црква каде што изведоа „панк молитва“ против рускиот претседател Владимир Путин.

Во случајот кој предизвика бројни реакции на западните поп ѕвезди и поделби во Руската православна црква, обвинителите оценија дека членките на бендот треба да бидат „изолирани од општеството“ и да се казнат со по три години затвор поради „хулиганство мотивирано од верска омраза“.

Сличајот со рускиот панк бенд предизвика реакции ширум светот со барање да бидат ослободени. Синоќа беше оддржан протест за поддршка во Њујорк, а закажани се уште во 65 градови ширум светот, од Сиденј до Буенос Ајрес.

Познати музичари и ѕвезди како пол Макартни, Мадона, Пети Смит и Бјорк побараа рускиот суд да ги ослободи трите девојки.

Би можело да ве интересира

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Медведев за лансирањето на „Орешник“ во Украина: Добивте тоа што побаравте

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот