Европскиот парламент изгласа одлука за намалување на бројот на европратенички места откако Велика Британија ќе излезе од Унијата, односно намалување од 751 на 705 места.
По Брегзит во 2019 година, британските 73 пратенички места ќе бидат редистрибуирани, од кои 46 ќе се чуваат во резерва, и кои подоцна ќе бидат доделени на новите членки на ЕУ.
Преостанатите 27 места ќе бидат прераспределени меѓу 14-те недоволно застапени земји-членки на ЕУ.