По 300 тони радиокативна вода секој ден се излева во Тихиот Океан од АЕЦ „Фукушима“

Од:

Од јапонската атомска централа „Фукушима“, што претрпе тешка хаварија во 2011 година, секој ден во Тихиот Океан се излеваат по околу 300 тони радоактивна вода, пренесе ДПА.


Информацијата е обелоденета откако денеска јапонската влада реши со буџетски средства да му помогне на операторот на централата „Токио електрик пауер“ (ТЕПКО) да ја спречи натамошната концентрација на радиоактивна вода во централата.


Секој ден околу 400 тони подземна вода се всмукуваат во објектите на блоковите на централата и се мешаат со радиоактивната вода што се користи за ладење на оштетените реактори, појаснува ДПА.


Во јули ТЕПКО призна дека радоактивна вода од централата се „губела“ во почвата и се излевала во морето. Од компанијата соопштија дека не знаат која е причината за протекувањето.


Премиерот Шиндзо Абе на Министерството за индустрија му нареди да преземе итни мерки.


АЕЦ „Фукушима“ во март 2011 година претрпе оштетувања во три од шесте свои реактори откако беше зафатена од цунами.

Би можело да ве интересира

Човекот кој најдолго на светот чекаше за извршување на смртната казна е ослободен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Поплави во Јапонија: Шест лица загинаа, има и исчезнати, градските улици под вода

(ВИДЕО) Први снимки од разорниот земјотрес во Јапонија

Силен земјотрес ја погоди Јапонија, издадено предупредување за цунами

Четири лица загинаа во пожар во Токио

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови