Суд во Каиро на по 10 години затвор осуди 102 поддржувачи на соборениот претседател исламист Мохамед Морси, обвинети за ланските протести што беа проследени со насилство, пренесоа француските медиуми.
Двајца други исмалисти се осудени на по седум години затвор, прецизира египетската државна телевизија, без да даде детали за фактите врз кои се темелел судскиот процес.ж
По соборувањето и апсењето на Морси од страна на армијата, во јули 2013 година, илјадници негови поддржувачи беа затворени, а стотици беа осудени на смрт или добија други тешки казни во масовните процеси.
Минатата недела судот во Миња на смрт осуди 683 лица, вклучувајќи го и врховниот лидер на движењето „Муслиманско братство“, Мохамед Бадија. Казните беа изречени во експресните судски процеси, што ОН не ги прифати и ги оцени како „масовни процеси без преседан во поновата светска историја“.