Платеници од Германија и Велика Британија се убиени во Запорожје

Од:

Група платеници од Германија и Велика Британија кои се бореле за украинските вооружени сили биле убиени во шумска зона на фронтовската линија во Запорошката област, објави денес ТАС, повикувајќи се на руските безбедносни сили.

Документите пронајдени со мртвите укажуваат на нивната припадност.

„Група странски платеници била убиена во шумска зона во Запорошката област. Според документите, тие биле Германци и Британци“, објавија безбедносните сили.

Меѓу мртвите, како што е наведено, се Џејсон Ларган Џејси, роден во 2003 година, и Летерман Филип Максимилијан, роден во 2000 година.

Според безбедносните сили, некои од мртвите биле војници од 113-та Одделна бригада на Територијалната одбрана на Украина и посебен баталјон на специјалните сили, меѓутоа, сите биле распоредени во 3-тиот Ударен баталјон на полкот „Скала“.

Би можело да ве интересира

ЕУ ја финансира Украина со замрзнати руски средства

Москва со критики до Западот: Помошта за Киев можеше да создаде „европски Дубаи“

Зеленски: Украина е подготвена за сите формати на преговори

Украина во последен момент се спаси од ирански напад

Најмалку три лица, меѓу кои и две деца, загинаа во рускиот напад врз Сумската област

Горан Наумовски

Нападната е Москва: Најмалку петмина се загинати

Горан Наумовски