Планираниот референдум за односите со ЕУ Дејвид Камерон ќе го промовира во Холандија

Од:

Британскиот премиер Дејвид Камерон планираниот референдум за односите на Велика Британија со ЕУ ќе го промовира во Холандија, соопштено е во Лондон.

Претставник на Даунинг стрит 10 изјави синоќа дека говорот околу идните британско-европски односи, што беше очекуван пред Божик и Нова година, ќе биде оддржан на крајот од оваа недела, за време на работната посета на Камерон на Холандија.

Камерон претходно ќе има средба и ќе разговара со својот домаќин, холандскиот премиер Марк Руте, кој, сепак, нема да биде присутен на говорот на својот британски гостин.

Пред претставници на холандскиот бизнис и пред европски дипломати Камерон се очекува да ја брани потребата од еден нов договор на Лондон со Брисел.

Во изјава за радио Би-Би-Си британскиот премиер изјави дека сака нова спогодба со ЕУ за која подоцна ќе побара мислење на Британците, на референдум.

Камерон е подолго време изложен на силен притисок на десницата во неговата Конзервативна партија и на „тачеристите“ меѓу ториевците за враќање на дел од овластувањата што Лондон му ги има префрлено на Брисел.

Евроскептиците во британската владеачка партија заговараат референдум околу тоа дали Велика Британија треба и натаму да остане во ЕУ.

Британскиот премиер инсистира на тоа дека земјата треба да остане во ЕУ, иако го осудува работењето и однесувањето на „бриселската бирократија“.

Би можело да ве интересира

Трамп: Ќе воведеме царини од 25 отсто на увозот од Европската Унија

Горан Наумовски

Бизарна кражба во тоалет во ресторан во Англија – сопственикот е шокиран

А1он

ЕУ им нуди на Украинците сопствен договор, постои клучна разлика од тој на Трамп

ЕУ усвои нов пакет-санкции против Русија

Калас: Одржувањето претседателски избори за време на војна не е опција за Украина

Затворени 300 пабови: 4.500 луѓе останаа без работа