Пламна голем пожар по напад со дрон во рускиот град Курск

Од:

Пожар од големи размери избувна во рускиот град Курск нешто по 2 часот по локално време, објави новинската агенција „Украинска правда“, повикувајќи се на руски канали на Телеграм.

Пожарот наводно бил предизвикан од напад со дрон врз блиската комуникациска кула.

„Имаше експлозија во областа Курск. Според прелиминарните податоци, дронот нападна кула за комуникација во селото Красниково, но откако ја допрел, влетал во административната зграда на компанијата Белпол“, пишува рускиот Телеграмски канал База.

Според руските медиуми, површината на пожарот достигнала 1,5 илјади квадратни метри откако се проширил во магацинот.

Службите за итни случаи го изгаснале пожарот. Локалните власти се уште не известиле за жртви или загинати.

Курск во југозападна Русија беше погоден од неколку мали напади со беспилотни летала и експлозии во последните неколку недели.

Би можело да ве интересира

На Шолц му е кажано: „Русија е непобедлива“

ВИДЕО: Русија го нападна Киев

Катерина Ѓуровски

Русите брзо напредуваат кон клучниот град. „Ситуацијата е критична, преземаме голем ризик“

Украински медиуми: Русија донесе рекорден број бродови во Црното Море

На потег е Западот, Москва дополнува: Пораката од Путин е јасна и многу важна

Предраг Петровиќ

Големо предупредување од Путин: Тоа ќе значи војна

Предраг Петровиќ