Пјонгјанг: Воениот сојуз меѓу Австралија, Велика Британија и САД е опасен

Од:

Одлуката на САД за пренос на технологија во Австралија за изградба на нуклеарни подморници е исклучително опасен чекор што може да предизвика нуклеарна трка низ целиот свет, се вели во изјава на портпарол на Министерството за надворешни работи на Северна Кореја, објавена од Централната телеграфска агенција на Северна Кореја.

– Тоа е крајно непожелен и опасен чин што ќе ја наруши стратешката рамнотежа во азиско-пацифичкиот регион и ќе иницира трка во нуклеарно вооружување, рече неименуваниот дипломат и додаде дека Пјонгјанг „внимателно ќе ја проучи заднината“ на одлуката на Вашингтон.

Истакнувајќи дека ваквите постапки на администрацијата на претседателот Џо Бајден „го поткопуваат постојниот меѓународен поредок, заканувајќи му се на мирот и стабилноста“, портпаролот на Министерството за надворешни работи нагласи дека во оваа средина, одлуката на раководството на Северна Кореја за зајакнување на одбраната на земјата е единствената исправна.

– Сегашната ситуација уште еднаш покажа дека зајакнувањето на нашите долгорочни одбранбени способности мора да продолжи за да бидеме подготвени за вакви драматични промени во областа на глобалната безбедност, додаде дипломатот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Северна Кореја објави снимка од тестирањето на хиперсонична ракета

Северна Кореја успешно лансираше нова хиперсонична ракета

Северна Кореја лансираше балистичка ракета за време на посетата на Блинкен на Јужна Кореја

Москва на Пјонгјанг ќе му подари авиони, а за возврат ќе добие војници

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Ким Јонг-ун нареди зајакнување на нуклеарните сили: „Мораме да ги завршиме подготовките за војна“