Советникот на Министерството за надворешни работи на Северна Кореја ги обвини САД дека не прават ништо за исполнување на она што беше договорено на средбите меѓу американскиот претседател и лидерот на Северна Кореја, наведувајќи дека надежите му се во „смелите одлуки“ на Доналд Трамп.
Соопштението од Ким ќе Кван го објави мисијата на Северна Кореја во ОН, а во него се наведува дека „суровата реалност“ е дека политичарите од Вашингтон се опседнати со нуклеарно разоружување пред да започнат какви било разговори за укинување на санкциите за Северна Кореја да може да „зачекори кон посветла иднина“ .
Затоа, советникот од Северна Кореја се прашува дали може да има „нов напредок“ во новата средба меѓу двете земји.
„Знам дека претседателот Трамп е различен од неговите претходници во политичка смисла и несувањето одлуки кога разгледува пристап (кон Северна Кореја), така што надежите ми се во неговите мудри избори и смели одлуки“.