Пјонгјанг испрати владини лица да работат на фарми за да помогнат околу кризата со храна

Од:

Северна Кореја распореди владини официјални лица, вработени во компании и фабрики, да работат на фарми низ земјата, со цел да се спречат загубите, поради сушата.

– Тие се придружија на борбата во регионите погодени од сушата. Штом пристигнаа, почнаа да наводнуваат, работејќи со фармерите и борејќи се со природата, објави официјалниот весник на владејачката Работничка партија на Северна Кореја, Родонг Синмун.

Северна Кореја е под меѓународни санкции поради забранетите програми за вооружување и има хроничен недостиг на храна. Многу е чувствителна на природни катастрофи, како поплави и суша, поради недостаток на инфраструктура, уништување на шуми и децениско лошо управување со државата, пишуваат странски медиуми.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Од Северна Кореја во Русија пристигнаа 4.000.000 артилериски гранати

Ким Џонг Ун тестираше нова снајперска пушка и „погоди“ во центарот на целта

Џонг Ун: Мора да бидеме подготвени да користиме нуклеарно оружје.

Горан Наумовски

Севернокорејски хакери извршија кражба на деценијата

Северна Кореја испрати повеќе војници во Русија за да се борат против Украинците

Ким Џонг Ун: Оружјето без идеологија е едноставно железна алатка