Писториус прогласен за виновен за убиство без предумисла на својата девојка

Од:

Јужноафриканскиот атлетичар Оскар Писториус е прогласен за виновен и осуден за убиство без предумисла на својата девојка Рева Стенкамп, откако судијата во судскиот процес пресуди дека тој ја убил по грешка.

Судијата Токозиле Масипа рече дека Писториус реагирал непромислено и невнимателно, кога пукал во вратата на бањата на неговата куќа во Преторија, мислејќи дека во просторијата се крие провалник.

Судијата Масипа, претходно, го отфрли обвинувањето за намерно и со умисла извршено убиство при бучната расправија меѓу Писториус и Стенкамп, што ја слушнале соседите пред да биде извршено пукањето.

Според судијата, јавното обвинителство не обезбедило докази за ваквото обвинување, освен тврдењата на сведоците-соседи, чии искази Масипа ги прогласи за неуверливи и несигурни.

Оскар Писториус, споратска ѕвезда во Јужна Африка и првиот атлетичар кој се натпреваруваше, паралелно, во иста дисциплина и на Олимпијадата и на Параолимписките игри во Лондон во 2012 година, од март годинава беше на судење, обвинет за убиството на својата девојка.

На судскиот процес, тој ги отфрли обвинувањата за убиство, бранејќи се дека пукал во вратата на бањата по грешка, не знајќи дека во меѓувреме во просторијата влегла неговата девојка.

Судењето се одржа без порота, а пресудата ја донесе сама, судијата Масипа. Таа ја отфрли како неприфатлива одбраната на Писториус дека нема кривична одговорност во реакцијата на атлетичарот, затоа што немало ниту намера за убиство.

Судијата во образложувањето на пресудата рече дека самото непромислено пукање е противправна постапка и го осуди Писториус и за истиот таков инцидент во еден ресторан во Јоханесбург.

Висината на казната ќе биде дополнително соопштена.

Би можело да ве интересира

Оскар Писториус излегува на слобода

Катерина Ѓуровски

Писториус префрлен во друг затвор

Ана Ололовска

Можно условно ослободување за Оскар Писториус

Ана Ололовска

Писториус повреден во затворска тепачка

Ана Ололовска

За повеќе од двојно зголемена затворската казна за Писториус

Наум Локоски

Оскар Писториус се повредил во затворскаата ќелија

Емир Латифовиќ