„Пинк Пантери“ со корпи за смет ограбиле златарница

Од:

Припадници на „Пинк Пантери“, маскирани како чистачи, влегле во зграда од која во корпи за смет изнеле накит кој што го украле од 72 сефови. Кражбата која британските детективи ја опишуваат како крајно смела, траела два дена.

Скотланд јард соопшти дека полицијата поседува голем број видео записи од безбедносните камери кои моментално ги анализираат. На нив се гледа како неколку мажи во флуросцентни елеци со прикриени лица, влегуваат и излегуваат од зграда во јувелирскиот кварт Хатон Гарден носејќи смет.

Според наводите на медиумите полицијата констатирала дека од вкупно 999 сефови , ограбени се 72, и дека се украдени дијаманти, накит и пари во вредност од 80 до 300 милиони долари.

Поранешен шеф на одделот за кражби во Скотлан јард, Џон О Конор рекол дека крадците најверојатно добро го знаеле планот на зградата, бидејќи точно знаеле каде се наоѓаат дијамантите.

-Со нив во трезорот можеби имало и експерт за проценка, кој сугерирал кои од камењата се дијаманти – рекол тој.

Инаку бандата „Пинк Пантер“, во чиј состав има Срби, Црногорци и Хрвати, во Велика Британија е позната по грабежот во Лондон во 1993 година која од една златарница беа урадени дијаманти во вредност од 575.000 фунти.

Е.Г.

Би можело да ве интересира

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски

Милиони Британци погодени од огромно невреме, десетици илјади останаа без струја

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот