Пилот загина во судир на два воени авиона во Тајван

Од:

Пилот на тајванското Воено воздухопловство загина денеска, кога два авиони за обука се судриле во воздухот во околината на Каохсијунг на југот на Тајван.

Несреќата се случила рано изутрина, при што 37-годишниот пилот се катапултирал од еден од авионите и бил веднаш префрелен во болница, каде лекарите констатирале смрт.

Пилотот на другиот авион, кој не е многу сериозно оштетен во судирот, безбедно слетал во базата.

На земјата немало повредени, ниту е предизвикана некаква материјална штети.

Авионите кои се судриле се од типот „АТ-3“ од тајванско производство, кои ги користи воздухопловниот тим „Тандер тајгер“ и биле на рутинска обука.

Во тек е истрага за причините за несреќата, рече началникот на тајванската Воздухопловната академија, Чанг Јан-тин.

Би можело да ве интересира

Земјотрес го погоди Тајван

Тајван: Ако Кина сака наша територија, треба да побара и земја од Русија

Кина воведе санкции за шест американски компании за продажба на оружје на Тајван

Кина воено ја тестира својата способност да го окупира Тајван

Кина започна воени вежби во околината на Тајван

Горан Наумовски

Новиот претседател на Тајван и порача на Кина: Престанете да ни се заканувате