Германскиот пилот Сами Крамер со својот авион прелета 200 километри при што на небото трасира инјекција за да ги потсети своите сограѓани на почетокот на вакцинацијата против коронавирусот.
Кога на мапата ќе се погледне маршрутата на авионот на Крамер, јасно е дека станува збор за шприц за инјектирање, што може да се провери и на веб-страницата flightradar24.
A pilot in Germany used a Diamond DA20 Katana aircraft to send this message to the world ?
See the playback at https://t.co/R7sQfH6OK8#Covid19Vaccine pic.twitter.com/j7HHaY1aV7
— Flightradar24 (@flightradar24) December 24, 2020
– Сè уште има релативно многу луѓе кои се противат на вакцинацијата. Мојата акција е смислена да ги потсетам да размислат за тоа и да ги придвижат работите од ќор-сокакот, рече Крамер (20), истакнувајќи дека неговата цел не била директно да ги повика Германците да се вакцинираат.
Планот на германските власти е да доставуваат повеќе од 1,3 милиони дози вакцини до федералните држави до крајот на годината, и по 700 илјади секоја недела за следната година.