Полицијата во Луизијана притвори баба, поради тоа што на 10-годишниот внук му дала да управува со автомобил, бидејќи таа била пијана.
Полицијата соопшти дека во автомобилот кој се движел по автопатот имало уште една жена која што била под дејство на алкохол.
Двете жени се притворени поради поттик за деликвентно однесување на малолетникот, како и поради тоа што дозволиле лице без дозвола да управува со моторно возило.
Полицијата реагирала откако добила дојава дека на автопатот во Луизијана има автомобил кој непрописно се движи.
Елена Георгиевска