Една жителка на селото Берјозово, сместено на руската планина Урал, повикала полиција во 3 часот наутро во петокот и пријавила дека во нејзината куќа влегол тенк, кој претходно ги урнал оградата и гаражата на соседот.
Полицијата веднаш пристигнала и сфатила дека станува збор за оклопен транспортер тежок 14 тони, кој толку го преплашил 80-годишниот сосед што тој помислил дека избила војна, соопшти руската полиција.
Возачот бил толку пијан што полицијата успеала да го испраша дури следното утро, кога “бил збунет како завршил во Берјозово”. По занимање бил механичар, а поради пијаната авантура во планинското село ќе добие тужба за нарушување на јавниот ред и мир и ќе остане без возачка дозвола.
Ќе мора да ја надомести и вредноста на оштетениот имот, а ако се воспостави дека возилото е украдено, му се заканува и затвор.