Пијан пилот управувањето со хеликоптерот му го доверил на уште попијаниот пријател

Од:

Во хеликоптерската несреќа што во околината на Москва се случи во декември, а во која загинаа тројцата патници, еден од загинатите бил 35-годишниот руски претприемач Федор Царев, кого полицијата го барала за повеќе кривични дела, како што е корупција, уништување шума, илегално рударство и други.

Кога полицијата дошла да го уапси, Царев побегнал со хеликоптерот, што, ќе се покаже во истрагата, не му било прв пат, бидејќи неговите соседи изјавиле дека тој и претходно знаел да се спушти со хеликоптерот во јавните паркови и игралишта полни со деца.

Шест месеци по несреќата, откриени се нови причини за падот на хеликоптерот, а gawker.com пренесува дека најверојатно станувало збор за алкохол, но не од страна на Федор.

Имено, во моемнтот на несреќата тој имал високо ниво на алкохол во крвата и седел на предното лево седиште, десно од пилотското седиште.

Претпоставка е дека со хеликоптерот управувал еден од неговите сопатници, кој бил попијан од него.

Покрај сето тоа, Царев имал и фалсификувана дозвола за летање со хеликоптер.

Би можело да ве интересира

Новите воени мапи откриваат масовна руска пенетрација на фронтот

Русија: ЕУ свесно прави економски криминал на глобално ниво

(ВИДЕО) САД потврди: Севернокорејските војници се во Русија

Си Џинпинг: Кина и Русија се чувари на глобалната стратешка стабилност

Загина пилот на руски бомбардер, Украинците велат „Ги убиваше нашите деца“

А1он

Јулија Навална ќе се кандидира за претседател на Русија

А1он