Петнаесет лица загинаа при самоубиствен напад на училиште во Ирак

Од:

Најмалку 15 лица, меѓу кои 14 деца, загинаа денеска во самоубиствен напад со камион-бомба во дворот на едно основно училиште во северниот дел на Ирак, соопшти полицијата.

Последната жртва во нападот во градот Тел Афар е директорот на училиштето.
Неколку минути претходно во градот на околу 70 километри северозападно од Мосул беше извршен самоубиствен напад врз полициска станица, во кој немаше жртви.
Најмалку 73 лица загинаа вчера во серија напади во Ирак.

Би можело да ве интересира

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Американски војници се ранети во ракетен напад врз базата „Аин ал Асад“ во Ирак

Гранатирана е воена база во Ирак

Горан Наумовски

Нападната е американска воена база во Ирак