Петнаесет Египјанци загинаа во главниот град на Либија, Триполи откако ракета погодила зграда, јавија египетските медиуми.
Зградата врз која паднала ракетата е разурната. Египјанците работеле во Триполи.
По инцидентот египетското Министерство за надворешни работи им препорача на своите граѓани да се воздржат од патување во Либија.