Најмалку пет лица загинаа, а осуммина други се повредени во судири меѓу муслимани и христијани во градот Кусус во близина на Каиро, соопшти денеска египетската полиција.
Полицијата информира дека судирите, при кои е запалена една копстака црква, избувнале доцна синоќа кога група христијански деца почнале да цртаат по ѕидот на еден муслимански верски институт во Кусус.
При судирите полицијата уапсила 15 лица, кои се осомничени за учество во насилствата.
По немирите од минатата ноќ во Кусус денеска е мирно, но на улиците и натаму има засилено полициското присиство.