Петмина загинати при уривање на зграда во Русија

Од:

Најмалку пет лица загинаа и 13 се повредени синоќа при уривање на трикатна зграда во градот Таганрог, во Ростовската област.

Според официјален претставник на Министерството за вонредни ситуации спасувачките работи се завршени.

Гувернерот на Ростовската област Василиј Голубов смета дека причина за трагедијата се пропусти при изградбата на зградата.

Истражниот комитет на Русија соопшти дека е подигнато кривично дело за „кршење на правилата на безбедност при градежни активности, што предизвикало смрт на две или повеќе лица. Веќе се приведени техничкиот раководител на објектот и други одговорни лица.

Дозволата за градба била издадена во март за трикатна зграда, но според првичните оценки на експертите за време на несреќата биле почнати градежни активности за четврти кат.

Би можело да ве интересира

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Песков: Русија не испратила покани до никого во САД за Денот на победата

Небензија: Киев го нападна Турски тек

Руските сили елиминираа странски платеници: Меѓу жртвите и романски државјани

Русија: Тројца адвокати на Навални осудени на затворски казни

Горан Наумовски

Цените на дизелот се зголемуваат ширум светот по новите санкции кон Русија