Петмина загинати при тестирање на ракетен мотор во Русија

Од:

Петмина вработени во руската државна корпорација Росатом загинале, а тројца се повредени во несреќата на полигонот за воена обука во регионот Архангелск во северна Русија, кога пред два дена, при тестирање на млазен мотор дојде до експлозија.

Тројца од повредените од несреќата при тестирањето на моторот со течен погон се здобиле со изгореници.

Првично беше соопштено за двајца загинати, а шестмина повредени. Локалните медиуми информираат дека смртниот биланс се зголемил откако дел од повредените им подлегнале на повредите.

Несреќата се случи на полигонот Северодвинск во регионот Архангелск.

Би можело да ве интересира

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Песков: Русија не испратила покани до никого во САД за Денот на победата

Небензија: Киев го нападна Турски тек

Руските сили елиминираа странски платеници: Меѓу жртвите и романски државјани

Русија: Тројца адвокати на Навални осудени на затворски казни

Горан Наумовски

Цените на дизелот се зголемуваат ширум светот по новите санкции кон Русија