Во судир на два товарни брода јужно од Токио денеска загинаа петмина членови на екипажот на помалиот брод, додека четири други се водат како исчезнати и Крајбрежната стража се уште трага по нив, соопштија јапонските власти.
– Јапонски брод се преврте по судир со брод од Сиера Леоне, на околу 11 километри западно од острвот Изу Ошима, изјави портпаролот на Крајбрежната стража, Јошиуки Теракадо.
Во операција за пронаоѓање на исчезнатите морнари се вклучени бродови и хеликоптери на Крајбрежната стража.
– Телата на петмината загинати се најдени во внатрешноста на бродот што се превртел, прецизира портпаролот на Крајбрежната стража.
Ниту еден од челновите на екипажот на поголемиот брод, што го сочинувале 12 Кинези и еден Малаец, не е повреден во судирот.
Причините за несреќата се уште не се познати.