Петмина „вечни“ градоначалници во Словенија го добија осмиот мандат

Од:

Петмина „вечни“ градоначалници во Словенија го добија осмиот мандат
Љубљана, 21 ноември 2022 (МИА) – На вчерашните локални избори во Словенија, граѓаните повторно гласаа за петтемина градоначалници, кои се на функција од 1994 година, всушност тие добија осми мандат.

Меѓу нив е градоначалникот на Церкље на Горењска, кој освои повеќе од 70 отсто од гласовите, а градоначалниците на Рогашка Слатина, Рогатац и Горњи Петровац во првиот круг освоија 64 односно 65 отсто од гласовите.

Градоначалниците на Преваља, на Добрна и на Блоке освоија седми мандат.

Седми мандат во првиот круг од локалните избори без противкандидат освоија градоначалниците на Добровник, Разкрижја, Жетала и Раче – Фама.

Би можело да ве интересира

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

Сиљановска-Давкова со Клакочар Зупанчич: Словенија ќе остане наш поддржувач на патот кон ЕУ

Мицкоски: Не сум сигурен дека цела опозиција сака предвремени парламентарни избори

Централната изборна канцеларија на Романија потврди 12 кандидати за претседателските избори

Косопственикот на Pirate Bay загина во авионска несреќа во Словенија

Опозицијата победи на изборите во Гренланд, фијаско на владејачката партија