Петмина украински војници убиени во источна Украина изминатите 24 часа

Од:

Петмина украински војници се убиени, а седуммина се ранети во источниот дел на земјата изминатите 24 часа и покрај стапувањето во сила на прекинот на огнот, изјави портпаролот на укрианските воени сили, Андриј Лисенко.

Ова е најголемиот биланс на жртви од 9 декември досега, кога стапи во сила новата спогодба за прекин на огнот во источниот проруски сепаратистички дел на земјата.

Овој нов бран насилство се случува неколку часа пред предвидената за денека видеоконференциска врска меѓу Киев и проруските сепаратисти, на која треба да биде договорен датумот за продолжување на мировните преговори.

Во меѓувреме денеска Детскиот фонд на Обединетите нации, УНИЦЕФ соопшти дека над 1,7 милиони деца се засегнати од кризата во источна Украина и оти таму живеат во мошне сложени услови.

Во зоната на борбите во Доњецката област се затворени околу 190 училишта, при што голем дел од нив се урнати или оштетени во престрелките. 

Би можело да ве интересира

Загина познатиот украински кревач на тегови Александар Пелешенко

Руски наредник уби командант и пет војници

Алејник: Украина се обидува да пренесе оружје на територијата на Белорусија за напад

Во напад на украински дронови тешко повредени се шест лица

Украина треба да плаќа 500 милиони долари годишно само за камата

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он