Пет лица се осудени на смрт поради серија напади од 2006 врз возови во предградие на Мумбај, во кои загинаа 189 лица.
Посебен суд во Мумбај осуди уште седум лица на доживотен затвор поради учество во нападите.
Сите 12 се прогласени за виновни за убиства, завера и воени злосторства.
Во нападите од 11 јули 2006 се ранети околу 800 лица.
По истрагата покренати се обвиненија против 30 лица, од кои дел се се уште во бегство.
Експлозиите претставуваа одмазда за бунтот што го погоди Гуџарат во 2002, при што имаше над 1.000 мртви.