Пет ракети уништени над Тел Авив

Од:

Најмалку пет ракети истрелани од Појасот Газа се уништени денеска над Тел Авив и околината, јави израелското Воено радио.

Поради ракетите се огласиле и сирени, но сите пет ракети се уништени во воздух од системот за ПРО, Железна купола, наведува медиумот.

Утрово бил регистриран ракетен напад и врз централниот дел од Израел. Израел соопшти дека припадници на Хамас во Појасот Газа имаат десетици ракети со голем дострел кои се способни да уништат цели во Израел на поголемо растојание од порано.

Една ракета вчера падна во Хадер, кој е на 100 километри оддалечен од Појасот Газа. Израел вчера започна со офанзива при што бомбардира цели во Газа од воздух и од море во обид да запре ракетирање на својата јужна територија од палестинската област.

Би можело да ве интересира

Херцог го осуди Хамас за „ужасно“ кршење на договорот за прекин на огнот

Хамас: Телото на Шира било распарчено откако очигледно било помешано со други тела под урнатините

Горан Наумовски

Хагари: Припадниците на Хамас ги убиле децата заложници Ариел и Кфир Бибас „со голи раце“

Израел: Хамас сериозно го прекрши договорот, ова не е тело на мајката на двете момчиња

Иран се закани со трет бран ракетни напади врз Израел во „соодветно време“

Горан Наумовски

Хамас најави ослободување на шест израелски заробеници