Земјотрес и цунами кај Соломонските острови, најмалку пет загинати

Од:

Најмалку пет лица загинаа по ударот на цунами бранови, предизвикани од силниот земјотрес со интензитет од осум степени според Рихтер кој доцна синоќа го погоди реонот на Соломонските острови, при што неколку крајбрежни села се целосно разурнати.

Според информации на една новозеландска телевизија, сите загинати се од островот Санта Круз, кој е најтешко погоден од цунами брановите, високи еден метар. Разурнати се три села, во кои живееле околу 700 лица. Можно е бројот на жртвите да се зголеми.

Потресот бил со епицентар на околу 580 километри од Хониара, главниот град на Соломонските острови, и на околу 60 километри од градот Лата, на истоимениот остров, кој е дел од архипелагот Санта Круз.

Веднаш по силниот земјотрес следеле 25 нови потреси со интензитет од пет до 6,6 степени. Пред неколку дена во овој реон беше регистриран потрес со јачина од 6,7 степени.

Австралиската метеоролошка служба претходно соопшти дека Австралија не е под закана за опасност од цунами.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја погоди Канада

Земјотрес ја погоди Бугарија

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди Лисабон

Силен земјотрес во Карипското Море северно од Хондурас

Во близина на Санторини денес се регистрирани три земјотреси

На Санторини е прогласена вонредна состојба