Пет лица загинаа во сообраќајна несреќа во Санкт Петербург

Од:

Пет лица загинаа, а едно е повредено во сообраќајна несреќа во населбата Ломоносов во Ленинградската област, каде што возачот на автомобил при престигнување прво се судрил со автомобил, а потоа и со друг автомобил на кој наишол од спротивен правец.

Како што е соопштено, несреќата се случила околу 15 часот по московско време на автопатот Соснови Бор – Глобица.

– Возач роден 2003 година, управувајќи „мицубиши лансер“, изгубил контрола при претекнување и се судрил со автомобил „киа рио“. После тоа, се судрил со „фолксваген поло“ што доаѓал од спротивната страна, при што загинале возачот на „фолксвагенот“ и четворица патници – се наведува во полицискиот извештај, пренесува РИА Новости.

Според информациите, судирот го предизвикал возачот на „мицубишито“ кој е хоспитализиран и се наоѓа во критична состојба.

Истрагата за сообраќајната несреќа е во тек.

Би можело да ве интересира

Киев е под притисок да заборави на НАТО и да го прифати признавање на Крим како дел од Русија

Горан Наумовски

Седум загинати, над 53 повредени во сообраќајна несреќа во Тајланд

Украина: Русија 2.000 пати го прекрши примирјето

Владимир Путин потпиша неколку закони, меѓу кои и Законот за странски агенти

Пијан возач од Македонски Брод удри во паркиран автомобил

Трамп: Можен е договор меѓу Русија и Украина

Горан Наумовски