Пет лица загинаа, повеќе од 100 се ранети во руските напади на Киев и Харков

Од:

Најмалку пет лица загинаа денеска, а повеќе од 100 се повредени во руските напади врз Киев и Харков, соопштија украинските власти.

Украинското МВР соопшти дека во рускиот напад загинале пет цивили, а 127 од нив се повредени. Министерството наведува дека украинската воздушна одбрана соборила руски ракети „Кинжал“ кои можат да летаат со брзина 10 пати поголема од брзината на звукот.

Шефот на регионот Харков, Олег Сињегубов, првично изјави дека во нападот на Харков е убиена една жена, а потоа објави дека не е убиена, туку дека е во кома, пренесе АП.

Сињегубов изјави дека во рускиот напад на Харков се ранети 52 лица.

– Против воздушната одбрана ги собори сите 10 хиперсонични ракети, од околу 100 различни ракети лансирани од Русија, тврди шефот на украинската армија, генерал Валериј Залужњи.

Би можело да ве интересира

Зеленски: Вториот мировен самит треба да стави крај на војната

Украина ја забрани употребата на Телеграм на официјалните уреди на службениците

(ВИДЕО) Масовен напад со дронови врз Русија: Гори магацин за оружје, во тек е евакуација

Горан Наумовски

Во Харков е прогласена тревога за воздух, се слушаат експлозии

Целите се означени: Украина е подготвена да нападне

Шведска и Финска: Украина може да ја нападне територијата на Русија без ограничувања