Пeт лица од кои четворица полицајци и еден војник, се убиени во средата во неколку напади врз безбедносните сили на Ирак, потврдија болнички и безбедносни извори.
Две бомби поставени крај пат, на околу 60 километри од ирачката престолнина Багдад, усмртиле полициски офицер, уште два агента и еден цивил, изјавиле претставник на полицијата во покраината Бабилон, како лекар од болницата во Хула, пренесува AFP. Во нападот биле ранети уште двајца полицајци.
Близу Балад, северно од Багдад, еден полицаец бил убиени а друг ранет во експлозија на бомба поставена исто така крај пат во близина на контролен пункт, соопштиле безбедносни и медицински извори.