Најмалку пет лица се повредени денеска кога е подметнат пожар во џамија во шведскиот град Ескилстун, соопшти полицијата.
Инцидентот се случил додека во Шведска во тек е интензивна дебата за имиграцијата.
Екстремната десница смета дека бројот на азилантите треба да се намали за 90 отсто, додека водечките партии сакаат да ја сочуваат либералната имиграциска политика на Шведска.
– Очевидец видел дека некој уфрлил предмет преку прозорот на зградата, во која се наоѓа џамијата по што избувнал пожар, изјави портпаролот на полицијата.
Тој додаде дека засега никој не е уапсен.