Пет лица осудени во Белорусија за обид за државен удар

Од:

Пет лица, меѓу кои и шеф на политичка партија и американски адвокат, се осудени на неколку години затвор во Белорусија за „обид за државен удар“.

Белорускиот претседател Александар Лукашенко во април 2021 година изјави дека го спречил обидот планиран од САД и кој го опиша како „обид за атентат“ врз него и неговото семејство.

Според главната белоруска организација за одбрана на човековите права, Вјасна, политикологот и литературен критичар Александар Федута, шефот на партијата Народен фронт Ригор Кастушев и адвокатот Јуриј Зјанковиќ, кој исто така има американско државјанство, се меѓу осудените.

Зјанковиќ беше осуден на 11 години затвор за организирање и водење на екстремистичка група, а Федута и Кастушев беа осудени на по 10 години затвор откако беа прогласени за виновни за заговор за „преземање на власта со вонуставни мерки“. Уште двајца се осудени на две и пол години затвор.

Еден од сведоците во процесот беше Роман Протасевич, опозициски новинар уапсен во мај 2021 година, кога Белорусија пренасочи комерцијален авион што прелета над нејзина територија. Тој рече дека учествувал преку видео врска на состаноци со обвинетите за наводниот заговор.

Александар Федута рече дека „планот за државен удар“ бил инициран од офицер на белоруската тајна служба КГБ, кој се инфилтрирал во групата.

„Верував во заговорот затоа што сакав да верувам во него. Чесен човек не можеше да се спречи да биде огорчен од она што се случува во земјата“, рече тој пред судот, признавајќи дека „учествувал“.

Случајот избувна неколку месеци по големите демонстрации за реизборот на Александар Лукашенко за претседател на изборите во август 2020 година, кои се сметаат за наместени. Властите жестоко ги задушија протестите и ја принудија опозицијата на егзил во странство.

Би можело да ве интересира

Лукашенко: Нема да има бездомници и паразити

Минск собори два руски беспилотни летала над територијата на Белорусија

Вооружените сили на Белорусија преместуваат тенкови до границата со Украина

Горан Наумовски

Белорусија осуди Германец на смрт

ЕУ воведе нови рестриктивни мерки против Белорусија

Алејник: Украина се обидува да пренесе оружје на територијата на Белорусија за напад