Пет лица обесени во Иран за шверц на наркотици

Од:

Петмина мажи, осудени на смрт за шверц на наркотици, биле обесени денеска во затвор во јужноиранската провинција Керман.

Осудените се прогласени за виновни за пренесување на над тон опиум. Освен тоа, тие располагале со боево оружје, соопштија правосудните власти во провинцијата.

Според исламското законодавство во Иран – шеријатот, убиствата, силувањата, вооружен грабеж, шверц на наркотици и прељуба, подлежат на смртна казна.

Во Иран со 75-милионско население, кој е важен пат за дрогата за Европа и Блискиот Исток од Авганистан, регистрирани се 400.000 зависници од хероин.

Би можело да ве интересира

Иранците покажaa голема подземна поморска база

Предраг Петровиќ

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Америка би можела да го нападне Иран пред 20 јануари

Арагчи: Никој не би преговарал со Иран да не беа неговите ракети

Шефот на разузнавачка служба е убиен во самоубиствен напад во Иран

Италијанска новинарка уапсена во Иран, се наоѓа во озлогласениот затвор Евин

А1он