Пет илјади припадници на безбедносните сили ќе ја гарантираат безбедноста во Рим за време на средбата на врвот на ЕУ на 25 март.
Европските лидери в сабота ќе ја одбележат 60-годишнината од Римскиот договор, кој ги постави основите на заедничка Европа.
Предвидени се зајакнати безбедносни мерки бидејќи в сабота во Рим ќе се одржат протести и на приврзаници и на противници на евроинтеграциите.
Италија ги зајакнува мерките за безбедност и поради вчерашниот напад во Лондон.
Посебниот безбедносен режим во Рим стапува во сила од утре, кога лидерите на земјите членки и раководството на ЕУ ќе бидат на аудиенција кај папата Франциско во Ватикан.