Песков: Тврдењата за учество на Москва во преврат во Црна Гора се „неодговорни“

Од:

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков ги оцени за „неодговорни“ тврдењата на црногорскиот специјален јавен обвинител Миливоје Катниќ, дека Москва е вмешана во „спречениот обид за преврат“ на денот на парламентарните избори во Црна Горалани во октомви.

Како што јави ТАСС, Песков изрази жалење бидејќи вакви обвинувања доаѓаат од страна на високи официјални претставници.

– Тоа се премногу сериозни тврдења за да бидат наведени, а да не бидат поддржани од какви било веродостојни информации. Ова е најмалку неодговорно, истакна портпаролот на Кремљ.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров пак овие тврдења ги оквалификува како „неосновани“.

– Оваа вест „стои рамо до рамо“ со други неосновани обвинување кон нашата земја за кибер напади врз целиот Запад, за мешање во предизборните кампањи во повеќето западни земји и за многу други работи, нагласи Лавров.

Претходно денеска и руската Амбасада во Лондон ги отфрли наводите на британскиот весник „Дејли Tелеграф“ за вмешаност на Москва во обидот за рушење на уставниот поредок на Црна Гора и за атентат врз поранешниот премиер и актуелен лидер на владејачката Демократска партија на социјалистите (ДПС), Мило Ѓукановиќ.

Британскиот весник, повикувајќи се на извори од британската Влада, објави дека Русија планирала да го убие поранешниот премиер на Црна Гора, Ѓукановиќ и да ја собори неговата влада минатата година.

„Дејли Телеграф“ наведува дека организатори биле руски разузнавачи, кои имале поддршка од Москва за да го саботираат планот на Подгорица да влезе во НАТО.

Би можело да ве интересира

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Лавров го предупреди Западот да не се бори до победа со нуклеарна сила

Горан Наумовски

Русија за атентатот на шефот на Хезболах: Уште едно политичко убиство

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска