Песков: ОБСЕ ја губи ефикасноста поради односите со Русија

Од:

Ставот на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) кон Русија укажува на тоа дека ефективноста на оваа организација опаѓа, изјави денеска Дмитриј Песков, портпарол на претседателот на Русија, Владимир Путин.

„Врз основа на ставот што го зазеде ОБСЕ, организацијата автоматски ја губи својата ефикасност. Организацијата ја губи својата ефикасност не со зборови, туку со дела, за да се занимава со прашања за безбедност и соработка во Европа“, одговори Песков на новинарско прашање дали Москва ја отфрла можноста за повлекување од ОБСЕ.

„Антагонистичкиот однос кон Русија, кој се негува во последните неколку претседателства, всушност, не ѝ дозволува на организацијата де факто да го прави тоа што треба да го направи. Ова, се разбира, ја намалува ефикасноста на оваа структура и соодветно на тоа забива сериозен клин во иднината на оваа организација“, нагласи Песков.

Полска, која претседава со ОБСЕ, не дозволи доаѓање на шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров на Министерскиот состанок на ОБСЕ во Лоѓ.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Девет лица загинаа во напад на украинската армија врз селото Махновка во Русија

(ВИДЕО) Русија преку реклами регрутира граѓани од Кина: Се нуди сместување и добра плата

Зеленски ја обвинува Русија дека систематски регрутира кинески борци за војната во Украина

Русија: Царините на Трамп ни отвораат нови можности

Захарова: Западот бара излез од економската криза преку агресија и војни

Русија отфрла какво било присуство на европски трупи во Украина