Песков: Можни реципрочни мерки за антируските санкции

Од:

Антируските санкции ги поддржаа Црна Гора, Албанија, Исланд, Лихтенштајн, Норвешка и Украина, а во Кремљ не ја исклучуваат можноста Русија да усвои реципрочни мерки кон тие држави, кои се придружиле кон санкциите, рече денеска Дмитриј Песков, прес-секретар на рускиот претседател Владимир Путин.

– Овие реципрочни мерки, секако можат да бидат донесени, рече Песков и додаде дека основниот принцип е реципроцитет.

ЕУ вчера соопшти дека земјите-кандидати Црна Гора и Албанија, членките на Европската асоцијација за слободна трговија Исланд, Лихтенштајн и Норвешка, како и Украина, се придружиле на одлуката на Советот на ЕУ за продолжување на санкциите кон Русија до 31 јануари идната година.

Би можело да ве интересира

Лавров го предупреди Западот да не се бори до победа со нуклеарна сила

Горан Наумовски

Русија за атентатот на шефот на Хезболах: Уште едно политичко убиство

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

Алаудинов: Зеленски ќе мора да потпише безусловна капитулација

Најмалку осум лица се повредени во руските напади на Запорожје во Украина