Песков: Киев ќе ја плати цената за нападите врз Русија

Од:

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека Украина ќе ја плати цената за нападите врз Русија.

„И претседателот Владимир Путин зборуваше за тоа; Украина ќе мора да ја плати цената за дејствијата што се случија во последните месеци. Тоа е она што се случува сега. Нашите вооружени сили ја продолжуваат својата специјална воена операција, многу доследно напаѓајќи ги оние цели што ги сметаат за соодветни“, рече Песков на прес-конференција, пренесува „Спутник“.

Тој потсети дека рускиот претседател Владимир Путин многу исцрпно зборуваше за ставот на Русија во врска со преговорите за Украина, како и за фактот дека националните интереси на Руската Федерација им се добро познати на сите.

Минатата недела, Путин нагласи дека Русија е подготвена да ги продолжи преговорите со Украина по изборите за Државната дума, но украинските сили се обидоа да извршат масовен напад врз Москва на денот на гласањето.

Путин додаде дека земјата ќе носи одлуки во врска со мирно решение врз основа на сопствените интереси.

Би можело да ве интересира

Москва: Украинците се обидуваат со провокации да ги вовлечат своите западни инструктори подлабоко во војната

А1он

Песков: Повикот до Зеленски да дојде во Москва сè уште важи

А1он

Песков: Замрзнувањето на конфликтот во Украина е невозможно поради ставот на Киев

А1он

Нуклеарното оружје е основа на националната безбедност на Русија, порачува Москва

Песков: Нема мировни преговори додека укрианската армија не се повлече од Донбас

А1он

Песков: Обидот за напад врз гасовод во Србија е потенцијално многу опасна ситуација

А1он