Песков: Замрзнувањето на конфликтот во Украина е невозможно поради ставот на Киев

Од:

Замрзнувањето на конфликтот во Украина не е можно поради ставот на украинските власти, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, коментирајќи го предлогот на претседателот на Казахстан, Касим-Жомарт Токаев, за прекин на борбите и враќање на преговорите од Истанбул од 2022 година.

„Замрзнувањето како такво не е можно“, рече Песков, пренесува РИА Новости.

Според него, условите за прекин на непријателствата се, како што наведе, јасни и конфликтот би можел да заврши „до крајот на денот“ доколку Киев „донесе соодветни одлуки“.

Песков додаде дека рускиот претседател Владимир Путин одговорил на предлогот на Токаев информирајќи го детално за текот на руската воена операција во Украина.

„За нас постои еден главен услов – мораме да ги постигнеме нашите цели“, истакна портпаролот на Кремљ.

Портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, денеска оцени дека нападите на украинските вооружени сили врз инфраструктурата на Конзорциумот на нафтоводот Касписко море (КТК), како и врз објекти во Црното и Азовското Море, претставуваат „енергетски тероризам“.

„Она што го прават во Црното Море, она што го прават во Азовското Море – тоа се терористички напади, меѓународни терористички напади, потенцијално крајно опасни“, им рече Песков на новинарите.

Тој наведе дека нападите врз инфраструктурата на КТК треба да се гледаат како напад не само врз Русија, туку и врз Казахстан и Соединетите Американски Држави, со оглед на тоа што меѓу акционерите на конзорциумот има и казахстански и американски компании.

Би можело да ве интересира

Нуклеарното оружје е основа на националната безбедност на Русија, порачува Москва

Песков: Нема мировни преговори додека укрианската армија не се повлече од Донбас

А1он

Песков: Обидот за напад врз гасовод во Србија е потенцијално многу опасна ситуација

А1он

Песков: Ова не е наша војна, нека ја спречат оние што ја започнаа

А1он

Песков: Смртта на генерал Сарваров е ужасно убиство

А1он

Песков: Засега нема разговори за средба Путин – Трамп до крај на годинава

А1он