Песков: Би сакале Германија директно да ни ги предадеа податоците за Навални

Од:

Кремљ повеќе би сакал Берлин директно да и ги пренесеше податоците на Русија за инцидентот со опозицискиот политичар Алексеј Навални и се прашува зошто се појавија некои тешкотии во тој поглед, изјави денеска портпаролот рускиот претседател, Дмитриј Песков. .

-Мораме само да се запрашаме зошто се уште има потешкотии во споделувањето на овие резултати со нас, рече Песков.

Тој истакна дека Москва не знае точно какви информации германската страна испратила до Организацијата за забрана на хемиско оружје, пренесува Тасс.

Песков нагласи дека наводите за употреба на отровен агенс во случајот Навални се засноваат на податоци од лабораториите во Берлин, додека лабораториските тестови во Омск и Москва покажале дека во телото на Навални не се пронајдени токсични материи.

Портпарол на Кремљ истакна дека Русија спроведува предистражни дејствија во врска со инцидентот.

Германија тврди дека тој бил отруен од нервниот агенс Новичок и дека целта била негово убиство, додека Русија наведува дека нема докази дека Навални бил отруен.

Би можело да ве интересира

„Волстрит журнал“: Путин не наредил ликвидација на неговиот политички ривал Навални

Навални пред смртта напишал автобиографија

Рокот за прелиминарната истрага за смртта на Навални е продолжен

Хакери се одмаздиле за смртта на Навални

Горан Наумовски

Навална: Ја одбија жалбата за да не се знаат вистинските околности на неговата смрт

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Протест „Против Путин“ на некои избирачки места во Русија

Горан Наумовски