Перес му дава поддршка на Обама

Од:

Израелскиот претседател, Шимон Перес изјави дека ја поддржува одлуката на претседателот на САД, Барак Обама да бара одобрување од американскиот Конгрес за воена акција против Сирија.

Перес нагласи дека состојбата во Сирија е многу лоша, но дека тој се залага за смиреност и се надева дека САД по прашањето за Сирија, ќе одговори на вистински начин, пренесе „Франс прес“.

-Не постои веќе една Сирија, ја нема онаа Сирија што беше. Асад не може да ја обедини државата. Има три или четири држави во една – изјави Перес, очигледно алудирајќи на различните бунтовнички групи кои сакаат да го урнат сирискиот режим.

Тој исто така нагласи дека Израел нема да учествува во каква било интервенција во Сирија, нагласувајќи дека помеѓу населението на Израел постои консензус да не се мешаат во конфликтот.

-Не е на Израел да одлучува за Сирија. Ние не ја создадовме состојбата во Сирија – истакна Перес.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Преживеана од нападот на Хамас ќе го претставува Израел на Евровизија

А1он

Саудиска Арабија планира да инвестира 600 милијарди долари во трговијата со САД

„Економист“: САД се најголемата сила во светот, но Трамп не може да војува со сите

ИДФ: Убиени се палестинските напаѓачи кои го извршија нападот во Ал-Фундук

Горан Наумовски

Четиричлено семејство загина во пожар во станбен комплекс во Канзас Сити

Ал Џезира: Израелски воени бродови го гранатираа брегот на градот Газа