Пепси загуби околу 500 милиони долари поради ситуацијата во Украина

Од:

Американскиот производител на пијалаци Пепси (PepsiCo) загуби околу 500 милиони долари во Русија и во Украина поради руската инвазија, објави Фајненшл тајмс, повикувајќи се на претставници на компанијата.

Компанијата ги информира своите инвеститори дека изгубила околу 241 милион долари како резултат на падот на вредноста на своите брендови и уште 241 милион долари поради принудниот отпис на доспеаните износи и падот на вредноста на резерви во регионот.

Во март Пепси соопшти дека ги стопира продажбата на пијалаци, инвестициите и рекламирањето во Русија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Покрај Украинците, многу Полјаци загинале во војната против Русија

Зеленски за рускиот напад на Днепар: Мора да извршиме притисок врз убијците

Дете загина во експлозија на нагазна мина во регионот Белгород

(ВИДЕО) Масовен руски напад на Днепар: Има мртви и ранети, горат куќи и училишта

Горан Наумовски

Данска ќе испрати војници на обука во Украина

Калас: Не знам зошто Трамп го обвини Зеленски за војната во Украина