Пепе Грило: Во Италија ќе има нови избори најмногу за една година

Од:

Лидерот на италијанскaта популиситчка партија Движење пет ѕвезди, Џузепе „Пепе“ Грило, што на изборите минатиот викенд успеа да освои дури 25 отсто од гласовите, изјави дека за најмногу една година во Италија ќе има нова парламентарни избори.

Во интервју за Би-Би-Си, Грило (64) рече дека нема да поддржи ниту една влада што ќе се формира, ниту ќе учествува во неа, туку дека само ќе чека нови избори.

Во Италија сега се случува она што се случувало и порано. И сега, левицата и десницата ќе се договорат за создавање Влада и ќе управуваат со земјата, која се наоѓа во шутот што тие го имаат создадено и за што се виновни, вели Грило.

Тој објаснува дека неговата партија ќе одлучува од случај, до случај, кој закон да го подржи во Парламентот и ќе се подготвува за новите избори на кои, како што вели, одново ќе го предизвика светот.

Грило, кој е поранешен комичар, ја отфрла можноста да учествува во коалиција со левоцентристичкиот блок на Пјер Лујџи Берсани. – Тој за мене е како жив мртовец, вели Грило, откривајќи дека лидерот на левицата му давал разни „непристојни предлози“, наместо да си поднесе оставка за неуспехот на изборите.

Според Грило, лидерот на левицата потсетува на ликовите од еден стар италијански филм – црна комедија – од 1950 година со наслов „47 мртовци кои зборуваат“.

Грило ги отфрла обвинувањата дека потикнува народен гнев, додавајќи дека луѓето само му се благодарни затоа што им дава надеж во земја во која надежта не постои.

Движењето пет ѕвезди има 109 пратеници и 54 сенатори во Парламентот, во чиј Долен дом левицата има мнозинство, а во Сенатот левите и десните сили се изедначени.

Би можело да ве интересира

Евростат: Италија има најстарото население во Европа, просечна возраст 48,7 години

Рим: Постара жена загина во пожар во стан, нејзината ќерка е во тешка состојба

Горан Наумовски

Питбул уби бебе во Италија – таткото го нашол детето во локва крв

А1он

Три случаи на фемицид во Италија за помалку од 48 часа

Мелони: Намалувањето на приливот на нерегуларни мигранти во Италија е резултат на големата работа на владата

Девојче (3) се застрела со пиштол во глава, во собата на нејзините родители

А1он