Пензионер се обидел да запали избирачко место во Австрија

Од:

На денешните парламентарни избори во Австрија бил забележан еден инцидент кога пензионер дошол на избирачкото место со намера да го запали.

Како што соопштија од полицијата, пензионерот имал 77 години и бил психички пореметен, а на гласачкото место во Хартберг дошол со канистер со гориво.

Горивото го истурил пред избирачкото место, но минувачите го спречиле да го запали.

Полицијата го уапсила пензионерот и бил повикан лекар да го прегледа, а според полицијата мотив за палење на избирачкото место било неговото незадоволство со политичката ситуација во земјата.

Би можело да ве интересира

Фон дер Лајен: Европа има резерви на гас и покрај уцената на Путин

Русија ја прекина испораката на гас за Австрија поради спор околу плаќањето

Горан Наумовски

Пронајдено телото на двојниот убиец од Австрија по кого полицијата трагаше со денови

А1он

Пронајден е автомобилот на убиецот Роланд Дрекслер, полицијата интензивно трага по него

Австриската полиција трага по убиецот на градоначалникот на општина Кирхберг

Убиство во Австрија: Ловџија усмрти градоначалник