Високо-технолошката истражувачка агенција во Пентагон работи на создавање нови специфични гени со кои човечкото тело би можело да нарави неверојатни нешта, пишува британскиот „Sunday Express“.
Овој нивни проект, пред се, е насочен кон „креирање“ специјални војци кои ќе можат да останат гладни и будни повеќе од 40 часа, но и да имаат развиени шпиунски сетила, слични на инсектите.
„Доколку успееме делотворно да ги „измамиме“ мастите и енергијата, тоа би значело дека не ќе мораме да ги храниме нашите војници и ќе можеме да ги испратиме во битка во најоддалечените области каде тие ќе живеат од сопствените резерви“, изјави Сејмон Конвеј, назначен да зборува за проектот пред новинарите.
„Тоа е само подобрување на ефикасноста складирање и производство на енергија во телото. Војниците ќе бидат во можност да трчаат со „олимписка брзина“, да имаат голема тежина и сето тоа без храна и сон“, додаде тој.
Тие работат и на истражувањето за подобрување на концентрацијата по овие непреспиени часови и веќе имаат постигнато добри резулатати, посебно кај пилотите.
Сепак, најинтересно во овие планови е регенерацијата на изгубените екстремитети.
„Постојат ситуации кога малите деца поради некоја причина ќе ги загубат своите прсти, а понекогаш тие повторно ќе им порастат. Потребно е само да најде генот потребен да се случи и ова“.